Грција се соочува со недостиг на работна сила, а бројот на слободни работни места е во пораст
Соседна Грција се соочува со недостиг на работна сила, а бројот на слободни работни места се зголемува.
Најновата студија на Центарот за планирање и економски истражувања (КЕПЕ) покажа дека Грција се соочува со сè поизразен недостиг на работна сила, додека бројот на слободни работни места се зголемува, а странските работници, кои со години ги пополнуваа клучните сектори на економијата, продолжуваат да ја напуштаат земјата.
Според истражувањето на КЕПЕ, на крајот од минатата година во грчката економија имало повеќе од 31.000 непополнети работни места, објави „Катимерини“.
Најголем недостиг на работници е забележан во образованието, со околу 6.870 слободни работни места, по што следуваат здравството и социјалната заштита, преработувачката индустрија, како и трговијата на големо и мало.
foto Wikipedia/ dronepicr
