Економија, финансии, бизнис

Контакт

Грција се сомнева дека пожарот на островот Евија е подметнат

Грција се сомнева дека пожарот на островот Евија е подметнат

Напорите за гаснење на големиот шумски пожар во природен резерват на грчкиот остров Евија продолжуваат и денес, четврти ден по ред, при што надлежните органи се сомневаат дека пожарот може да бил и подметнат, пишува „Катимерини“.

Вработени во специјалниот отдел за пожари од грчката противпожарна служба откриле предмети кои се лесно запаливи и кои се употребуваат при палење на оган, материјали кои се користат при палење на оган, пластики, лименки, натрупени дрвја и деланки.

Друг грчки медиум пренесува дека пожарот на островот се раширил од три различни места во шумата. Властите разговарале со тројца осомоничени кои живееле во регионот.

Околу 400 пожарникари успееја да го локализираат пожарот.



Слично

Поврзани вести