Економија, финансии, бизнис

Контакт

Грција се отвора: Еве кога туристите се добредојдени и под кои услови

Грција се отвора: Еве кога туристите се добредојдени и под кои услови

Карантинот во Грција полека ќе се укинува во неколку фази кон  крајот на март, а туристите ќе можат да ги поминат летните одмори на грчките плажи веќе од мај, пишува денеска српски Блиц.

Според грчката телевизија „Стар“, Грците почнуваат да ги олабавуваатстрогите анти-ковид мерки, и покрај наглото зголемување на бројот на заразени. Сепак, грчки експерти најавија дека очекуваат бројот на заразени да се намали во текот на следната недела и дека не очекуваат толку многу тешки случаи во болниците.

Првото олабавување на мерките започнува на 22 март, а потоа постепено се планира отворање. Така ќе биде се до мај, кога беше објавено дека странските граѓани ќе можат да влезат во Грција и таму да го поминат годишниот одмор.

Српските туристи ќе може да влезат во Грција со потврда за вакцинација или негативен тест за Ковид-19. Сепак, во оваа првична информација не е дефинирано кои вакцини се сметаат за одобрени, но во моментов се претпоставува дека сите вакцини ќе бидат прифатливи. Оваа претпоставка е охрабрена од моменталната состојба со вакцинацијата во Европската Унија, каде сè повеќе земји прифаќаат вакцини од исток.

Планот за Грција да се отвори од крајот на овој месец засега изгледа вака:

22 март: Отворање малопродажни места, трговски центри и фризери. Во почетокот купувањето ќе може да се врши еднаш на ден, со временско ограничување од три часа. Гимназиите и факултетите се отвораат во ист ден.

29 март: Ќе бидат отворени основните училишта.

20 април: Отворање ресторани кои ќе може да примаат гости само во градините.

Мај: Отворање на туризмот.

Јуни: Отворање барови и спортски сали, како и дозвола за свадби и крштевки, но само на отворено.


Слично

Поврзани вести