Грција регистрира позитивни случаи на новиот сој на граничните премини
Во земјата Грчкиот
весник „Катимерини“ денеска пишува дека здравствените власти во Грција досега откриле 32 пациенти со новиот британски сој на корона вирусот.
-Лабораториските тестови на 235 примероци земени од граничните премини, болниците и луѓето кој биле во близок контакт со потврден случај на мутиран вирус покажаа дека 32 се позитивни на на т.н.британски вид на корона вирусот, пишува „Катимерини“.
Здравствените власти во таа земја објавија дека 17 позитивни примероци биле откриени во Атина.
Истовремено, британскиот премиер Борис Џонсон минатата недела предупреди дека новиот вид на вирусотима повисока стапка на смртност, иако научниците велат дека доказите за тоа остануваат неизвесни.
Грчката влада минатата недела повторно ги отвори основните училишта, градинките, продавниците и фризерските салони.
