Економија, финансии, бизнис

Контакт

Грција регистрира над 3.500 заразени со коронавирусот

Грција регистрира над 3.500 заразени со коронавирусот

Кај јужниот сосед е регистриран најголем дневен пораст на новозаразени со коронавирусот во последните три месеци. 

Вчера се потврдени 3.565 случаи, што е најголем број забележан во текот на четвртиот бран од пандемијата,  пишува весникот „Катимерини“. Во понеделникот се регистрирани 1.834 случаи, а забележан е и скок на бројот на новозаразени на сите популарни грчки острови за одмор, како и на Атина, Солун и во другите градови.

Дневниот број на починати е едноцифрен, затоа што во текот на вчерашниот ден починаа 9 луѓе, а 121 пациент биле приклучени на респиратор.

Слично

Поврзани вести