Економија, финансии, бизнис

Контакт

Грција прва го воведува дигиталниот пасош

Грција прва го воведува дигиталниот пасош

Грција е првата земја која ќе почне и во пракса да го спроведува европскиот дигитален ковид сертификат.

Како што и претходно се најавуваше, дигиталниот ковид пасош освен личните податоци содржи и податоците дали лицето е вакцинирано, има резултати од брз или пак од ПЦР тест или дали има прележано ковид-19.

Во случај на вакцинација, во дигиталниот сертификат ќе бидат наведени податоци за видот на вакцината, производител, број и датум на примените дози.

За втората опција, односно негативен резултат од направен тест, сертификатот содржи податоци за видот на тестот, производител на тестот, датум на спроведување и установа во кој бил направен, како и резултатот.

Доколку лицето кое го поседува сертификатот, прележало ковид-19, тогаш потребен е податок за датумот на позитивен резултат.

Европскиот дигитален ковид сертификат официјално беше презентиран во петокот во Атина.

Инаку, Грција на секои седум дена го ревидира списокот на земји чии граѓани можат да влезат, заради што е потребно граѓаните пред да патуваат да проват дали има некои измени.

ФОТО: Index.hr

Слично

Поврзани вести