Економија, финансии, бизнис

Контакт

Грција повеќе не може да ги издржи рестрикциите и мерките на штедење

Грција повеќе не може да ги издржи рестрикциите и мерките на штедење
Грција не може повеќе да ги издржи рестрикциите и мерките за штедење, изјави грчкиот министер за здравство, Адонис Георгијадес во интервју за Би-Би-Си. - Реалната состојба во земјата е следнава: Грчкото општество е под огромен притисок. Грција три години е под притисок на строгите мерки на штедење и тоа повеќе не може да се издржи - изјави Георгијадес. Запрашан дали меѓународните кредитори ќе инсистираат на дополнителни рестрикции во замена за исплата на нови транши од пакетот за спас, Георгијадес рече дека на претставниците на „тројката“ им пренел дека Владата не може да спроведува дополнителни мерки за штедење, затоа што „општеството тоа не може да го издржи“. Тој ја отфрли идејата за излез на Грција од еврозоната.  
Слично

Поврзани вести