Економија, финансии, бизнис

Контакт

Грција поставува црвена линија за името, Нимиц дојде во Македонија

Грција поставува црвена линија за името, Нимиц дојде во Македонија
Директно од Атина, специјалниот пратеник на генералниот секретар на Обединетите нации за прашањето за името, Метју Нимиц пристигна во Скопје, каде се сретна со македонскиот претседател Ѓорге Иванов, додека за итре се закажани средбите со премиерот Никола Груевски и шефот на македонската диполоматија Никола Попоски. „Република Македонија инсистира на целосно почитување на рамката во која се води процесот, резолуциите на Советот за безбедност, Времената спогодба и на пресудата од Меѓународниот суд на правдата во Хаг“, стои во соопштението од претседателот Иванов кој очекува поддршка од медијаторот Нимиц. По средбата денеска, Иванов вели дека во духот на добрососедството, грчката страна треба да покаже добра волја со цел создавање на позитивна атмосфера, за придвижување на процесот и надминување на разликата околу името. „Подготвени сме за средби на највисоко ниво и интензивирање на дијалогот“, посочува  Иванов.
Иако Нимиц одби да ја коментира за македонските медиуми  што се разбоварало во Атина, тој изјави дека му било ставено на знаење какви се нивните ставови. „Има нова Влада и нов министер за надворешни работи со кого разговарав. Јас дадов предлог во април и тие ми ги презентираа детално своите мислења. Сега ми е јасно какви се нивните ставови“, изјави медијаторот Нимиц. Сепак, како што денеска пишуваат грчките медиуми, Грција го одбила априлскиот предлог на Нимиц, а вицепремиерот Евангелос Венизелос ги поставил црвените линии за името и нагласил дека Атина нема да преговара за предлог кој не содржи географска одредница пред терминот „Македонија“, како и за предлог кој нема да биде за севкупна употреба. Иако неофицијално, одбиениот предлог од грчака страна е името„Горна Република Македонија“.
Венизелос сепак му пренел на Нимиц  дека Атина е останува подготвена да учествува во преговарачкиот процес со цел изнаоѓање решение кое ќе придонесе за стабилност во регионот и ќе го отвори патот на Скопје кон евроатлантските интеграции, пишуваат грчките медиуми.
Слично

Поврзани вести