Економија, финансии, бизнис

Контакт

ГРЦИЈА ПОПУШТА: На бродовите и траектите за 10 проценти повеќе патници

ГРЦИЈА ПОПУШТА: На бродовите и траектите за 10 проценти повеќе патници

Јужниот сосед дозволи за плус 10 проценти да биде зголемен бројот на патници во бродовите и траектите. 

Оваа одлука е донесена затоа што состојбата со Ковид - 19 е под контрола. 

За бродовите што нудат и кабини, исполнетоста може да биде 65 отсто, а во секоја кабина наместо еден, сега е дозволен престој на две лица, а за семејствата и понатаму важи истата одредба за четири лица.

Од денеска дозволено е да пловат со десет проценти поголем број патници, односно со 60 отсто од вкупниот капацитет, наспроти 50 проценти од капацитетот, согласно првичниот здравствен протокол, јави дописничката на МИА од Атина.

До 1 јули, Грција треба да се нормализира.  Одредени се датуми, и постепено се отвораат бизнисите. 

Слично

Поврзани вести