Економија, финансии, бизнис

Контакт

Грција планира враќање на меѓународните пазари

Грција планира враќање на меѓународните пазари
Грција планира да се врати на финансиските пазари преку продажба на државни хартии од вредност (државни обврзници) во вредност од 2 милијарди евра. Високо задолжената медитеранска земја се приближува кон крајот на втората спасувачка програма, финансирана од меѓународните кредитори, кои ја држат во живот од 2010 година. Четвртиот преглед на програмата официјално заврши во понеделникот, по месеци на одложување и несогласувања во однос на потребните реформи. Кога точно Атина ќе се врати официјално на пазарите, се уште не е јасно. Сепак  се очекува тоа да се случи во рамките на следните неколку месеци. Според информации на The Wall Street Journal  незадоволната страна има за цел да собере до 5 милијарди евра од финансиските пазари оваа година. Во изјавата за новинарите во Атина по средбата на Еврогрупата, грчкиот министер за финансии Јанис Стурнарас посочи дека финансирањето преку пазарите ќе биде во склад со останатите напори на земјата да излезе од кризата. Продажба на грчки државни обврзници е и еден од условите за добивање пари од Меѓународниот монетарен фонд . Според зборовите на министерот мала емисија обврзници со рок на доспевање по три и пет години "ќе придонесе за потребите од финансирање на Грција". Стурнарас исто така, посочи дека на почетокот на продажба на државни обврзници "ќе зависи од моменталните пазарни услови". По избувнувањето на кризата во Грција беа зголемени даноците и намалени платите и пензиите, а без работа остана секој четврти Грк. К.К.
Слично

Поврзани вести