Грција планира 1 милион конфискации годинава
Независната даночна служба на Грција планира во текот на годината да изврши околу 1 милион конфискации на лицата кои должат повисоки суми за даноци кон државата наместо да чека долгот да биде наплатен или да се примени присилна наплата преку депозитите на дел од субјектите кои се должници.
Во текот на целата 2018 година преку конфискација на плати, пензии, лични примања и други финансиски средства се очекува државата преку казни да собере над 3 милијарди евра во буџетот.
Во фокусот на даночните инспекциски служби ќе бида угостителите како и сопствениците на домови за издавање, особено долж грчкото приморско крајбрежје, па така може да очекуваме летово и повисоки цени за туристите. Со засилени инспекции ќе се соочат и богатите претпријатија и индивидуални даночни обврзници.
