Грција парализирана-поради штрајк запрени бродовите, возовите, автобусите
Поради штрајк на вработени во поморскиот и железничкиот сообраќај запрен е сообраќајот на бродовите и возовите во Грција. Сите вработените во овие сектори ќе учествуваат во 24 часовен штрајк за 1 Мај - Меѓународниот ден на трудот. Штрајкот го организираа двата најголеми синдикати во земјата - синдикатот на вработените во приватниот сектор ГСЕЕ и во државниот сектор АДЕДИ. Денеска ќе има и голем протест пред зградата на Парламентот и од синдикатот ПАМЕ.
Фериботните компании поради празниците планираат вонредни маршрути и измени на часовите на сообраќање со цел да ги опслужат патниците за време на првомајските и велигденските празници. Патниците, кои имаат билети за бродови до островите за 1 мај, се повикуваат да се поврзат со туристички агенти, а со железничката компанија треба да се консултираат патниците кои имаат билети за воз.
И во Атина ќе има проблеми во сообраќајот бидејќи автобусите и тролејбусите ќе се движат од девет до 21 часот, по што ќе се вклучат во штрајкот. Метрото почнува со работа во девет часот, но нема да сообраќа до меѓународниот аеродром.
Слично
