Економија, финансии, бизнис

Контакт

Грција нема „вишок“ вработени

Грција нема „вишок“ вработени
Грчката влада најави дека нема да има повеќе отпуштања во јавниот сектор и дека тие ги исполниле сите цели за намалување на бројот на вработените. Грција ја исполнила оваа цел две години пред предвиденото, поставена од страна на меѓународните кредитори. Министерот надлежен за реформата, Кирјакос Мицотакис вели дека во 2009 година  бројот на вработени во јавната администрација бил 913.000, а дека изнесува 681.392 работници. Трошоците за плати во текот на овој период е намален за една третина. Мицотакис ова го изјави за време на дебатата во парламентот за буџетот во 2014 година. Грција се обидува да ја заврши последната рунда преговори за меѓународните кредитори, а една од темите за кои преговара е намалувањето на администрацијата.
Слично

Поврзани вести