Грција нема ни педа земја да отстапи на овој сосед
Грчкиот шеф на дипломатијата, Никос Коѕијас, изјави дека иформациите дека Грција отстапува дел од својата територија на Албанија се лажни.
„Грција нема да и отстапи на Албанија ни педа земја“- изјави Коѕијас.
За Грците ова е добра вест.
Коѕијас објасни дека во врска со поморската граница, албанскот претседател Илир Мета треба да ја авторизира преговарчката група на Министерството за надворешни работи на Албанија, која ќе преговара со грчката страна.
„Прочитав некои факти кои не постојат, а за кои ме обвинуваат. Од една страна ме обвинуваат дека не сум свесен за она што се случува во овие процедури, но од друга страна ме обвинуваат за подршка на истите“- изјави Коѕијас, јави порталот „Албеу“.
Во меѓувреме во Албанија не стивнуваат обвинувањата на адреса на премиерот Еди Рама и шефот на дипломатијата, Дитмир Бушати дека веќе и отстапиле на Грција 12 милји од Јонско Море каде имало нафта и гас.
