Економија, финансии, бизнис

Контакт

Грција направи исклучок – EES привремено укинат за една држава

Грција направи исклучок – EES привремено укинат за една држава

Грција донесе одлука со која привремено ги ослободува британските државјани од биометриска контрола при влез во земјата, во рамки на новиот европски систем за влез и излез (EES).

Одлуката доаѓа во период кога системот допрва се воведува, а властите се соочуваат со ризик од големи гужви на граничните премини и аеродромите.

Според официјалните информации од грчките институции и амбасадата во Лондон, граѓаните на Обединетото Кралство:

  • нема да даваат отпечатоци од прсти
  • нема да бидат фотографирани во рамки на EES
  • ќе ја минуваат границата со класична пасошка контрола

Ова значи побрз и поедноставен влез во земјата, особено ако се има предвид дека во 2025 година Грција ја посетиле речиси 4,9 милиони британски туристи.

Одлуката е дел од поширок пристап за флексибилна примена на системот, особено во преодниот период кој ќе трае до септември 2026 година.

Во случаи на големи гужви, граничните служби ќе можат привремено да ги ублажат или да ги суспендираат биометриските процедури, со цел да се забрза протокот на патници.

Ова се однесува и на патниците кои патуваат со автомобили, каде што при зголемен сообраќај контролата може да се сведе на основна проверка и печатирање на пасошите.

Според најавите, примената на системот нема да биде ригидна, туку ќе се прилагодува во зависност од состојбата на терен.

За туристите од Балканот тоа значи дека:

  • при помали гужви ќе се применува EES
  • при поголеми колони процедурите ќе се поедноставуваат

Целта на ваквиот пристап е да се избегнат долги чекања и да се овозможи побрз премин на границите, дури и ако тоа значи привремено отстапување од целосната примена на новиот систем.

Грчка инфо

Слично

Поврзани вести