Економија, финансии, бизнис

Контакт

ГРЦИЈА ЌЕ СЕ НАПОЛНИ ПАРИ: Туристите ги опседнуваат летувалиштата, раст од 150%

ГРЦИЈА ЌЕ СЕ НАПОЛНИ ПАРИ: Туристите ги опседнуваат летувалиштата, раст од 150%

Бројот на туристи во Грција скокнал за 20,4 отсто во првите пет месеци од 2018-та година, надминувајки 4,5 милиони доаѓања, изјавила министерката за туризам Елена Кунтура.

Според нејзините зборови, приходите на хотелите пораснале повеќе од 10 отсто.

Во интервју за грчка радио станица, Контура изнела и податоци за растот на туристички доаѓања и приходи на помалку популарни дестинации.

Како што истакнала, дошло до раст на посетите за 150 отсто во западна Грција, за 58 отсто во Епир, 91 во источна Македонија-Тракија и за 47 отсто во Тесалија, пренесе грчката агенција АНА.

„Во текот на изминатите три години, успеавме да ги разработиме дестинациите кои претходно не беа профилирани како туристички места“, заклучила таа.

И Македонците бројни во летувањата кон Грција.

Податоците на голем дел од туристичките агенции покажуваат дека аранжманите се скоро исполнети.

Слично

Поврзани вести