Грција ќе претседава со ЕУ, но со најмал буџет досега?
Грција ќе го преземе ротирачкото претседателство на Европската унија (ЕУ) од 1 јануари 2014 година со помал буџет, пренесе електронското издание на весникот Катимерини.
„Нашата земја ќе потроши не повеќе од 50 милиони евра за шестмесечното претседателство на Унијата, што ќе започне од јануари", изјави заменик-министерот за надворешни работи Димитрис Куркулос пред парламентарната Комисија за европски прашања.
Куркулос посочи дека грчката влада ќе издвои помалку средства за претседателството на ЕУ, отколку што биле распределени од другите земји изминатиот период. Тој додаде дека за разлика од неодамнешните претседавачи, од кои се бараа меѓу 60 и 75 милиони евра и до 250 вработени, Грција ќе потроши помалку пари и ќе користи не повеќе од 150 вработени.
Двајца германски парламентарци претходно оваа недела ја повикаа Атина да се откаже од планираното преземање на претседателствувањето со Унијата на 1 јануари 2014 година. Според нивните зборови, задолжената земја не треба да добие ново финансиското оптоварување, што според нив ќе чини околу 100 милиони евра.
Слично
