Економија, финансии, бизнис

Контакт

Грција ќе има потреба за „дополнителна поддршка“, смета претседателот на Еврогрупата

Грција ќе има потреба за „дополнителна поддршка“, смета претседателот на Еврогрупата

Грција веројатно ќе има потреба од „дополнителна поддршка“ освен вториот пакет помош кој завршува идната година, изјави денеска Јерун Дејселблум, министер за финансии на Холандија и претседател со еврогрупата.

- Грчките проблеми нема да бидат решени до крајот на 2014 година и покрај напредокот на Грција, наведе тој пред Европскиот парламент.

- Реално е да предложам дека ќе биде потребна дополнителна поддршка, вон траншите од помошта, додаде Дејселблум.

Грција беше спасена од банкрот откако во 2010 година доби кредити од 240 милијарди евра од еврозоната и ММФ. Евентуална неопходност за нови средства е политички опасно прашање во државите кредитори како Германија, наведуваат западни медиуми.

Слично

Поврзани вести