Грција ќе им додели земјиште на мигрантите за да работат?
Грчкото Министерството за рурален развој размислува за проект за концесија на земјиште за 1.000 до 1.500 бегалци.
Министерот за рурален развој, Вангелис Апостолу ги проучува изгледите за концесија за земјиште отпрвин на 1.000 до 1.500 бегалци, така што тие ќе можат да работат.
Се смета дека ако работат на земјата, се избегнува ризикот од нивно прибегнување кон нелегални активности.
Ова би се реализирало во области во северна и централна Грција. Министерството за миграциони политики е во контакт со синдикатите, дури и со индустријалците, со цел да организира програми за вработување мигранти.
Есенва ќе се направат напори за комплетирање на детален регистар на вештините и професионалното искуство на илјадници бегалци, за бегалците и мигрантите координирано да можат да добијат работни места во области со мал интензитет, како што е земјоделството.
