Економија, финансии, бизнис

Контакт

Грција испадна од комбинацијата: Вториот крак од гасоводот Турски тек ќе оди преку оваа земја

Грција испадна од комбинацијата: Вториот крак од гасоводот Турски тек ќе оди преку оваа земја

Вториот крак од гасоводот Турски тек ќе поминува преку територијата на Бугарија, а не на Грција, и ќе оди преку Србија и Унгарија . Ова го кажал рускиот министер за енергетика Александар Новак на маргините на состанокот на руско-турските меѓувладини комисии во Анталија.

-Втората линија од Турски тек ќе помине преку Бугарија, Унгарија и Србија. Кракот ќе оди директно во Бугарија-рекол тој, пренесува Итар Тас.

Новак исто така потсетил дека низ првиот крак на Турски тек, гас ќе протече од 1 јануари 2020 година.

Првиот крак од гасоводот е наменет за снабдевање на домашниот пазар на Турција, а вториот а земјите од јужна и јогоисточна Европа.

Капацитетот на секој крак е по 15,75 милијарди кубни метри гас годишно.

Новак исто така рекол и дека пропусниот капацитет на Турски тек може да биде проширен ако дојде до зголемување на побарувачката за руски гас, пренесува руската агенција.

Слично

Поврзани вести