Грција има повеќе од 3.000 заразени со коронавирусот
Грција има повеќе од 3.000 заразени со коронавирусот на дневна основа.
Дополнително се зголеми бројот на новозаразени и по пауза од два месеци, повторно се регистрирани над 3.000 нови случаи, поконкретно вкупно 3.109, а починаа четири лица, јави дописничката на МИА од Атина. Од новите случаи 24 се увезени, од кои 11 откриени на влезните точки во земјата, а повторно најголемиот број, повеќе од половина (1.571) се во регионот Атика, поширокиот регион на Атина, а 214 се во Солун.
Зголемен е бројот и на хоспитализирани пациенти, за 31,76 отсто во споредба со вчера, додека, пак, 133 пациенти се приклучени на апарати на одделите за интензивна нега во грчките болници.
Последен пат, над 3.000 новозаразени имаше на 11 мај годинава.Од почетокот на пандемијата во Грција има потврдени 444.783 случаи на Ковид-19, а починаа вкупно 12.806 лица.
Од петок во земјата ќе бидат на сила построги мерки за заштита од ширење на вирусот.
foto freepik
