ГРЦИЈА ИМА ПЛАН: Ќе ги смести бегалците во малите градови
Грција планира да премести 20.000 бегалци од источниот дел на Егејското Море и да ги смести во станови и куќи во мали гратчиња, објави весникот „Прото тема".
Министерството за миграциската политика разви план, кој предвидува во градчиња со население до 15.000 жители и со проблеми во економијата да бидат примени до 1 500 бегалци.
Локалните установи, пак, ќе добиваат купони како надомест за исхрана или за други услуги, кои ќе им ги обезбедат на мигрантите, пренесоа агенциите.
Со ова преместување на бегалци и мигранти владата во Атина сака да го ограничи притисокот од престојот на бегалци во источниот дел на Егејското Море и во приемните центри, а во исто време тоа да има и економски ефект за помалите населени места, на кои на тој начин ќе биде обезбедена работна рака, смета весникот.
