Грција има нов рекорд на заразени со коронавирусот
И натаму расте бројот на заразени со коронавирусот во Грција.
За 24 часа има 50.126 случаи на Ковид-19, што е нов негативен рекорд од почетокот на пандемијата, јави дописничката на МИА од Атина. Новите случаи се од 650.101 тестови, а повторно, најголемиот дел од инфицираните скоро 20.000 се во областа Атика, поширокиот регион на Атина. Министерот за здравство Танос Плеврис, изјави дека омикрон веќе е доминантен во земјата и со оглед на тоа дека брзо се шири, зголемувањето на случаите е очекувано.
И во другите земји од регионот и светот расте бројот на заразени.foto freepik.com
Слично
