Економија, финансии, бизнис

Контакт

Грција има над 140.000 заразени со коронавирусот за една недела

Грција има над 140.000 заразени со коронавирусот за една недела

Се зголемува бројот на заразени со коронавирусот кај јужниот сосед. Грција пријави повеќе од 140.000 случаи на ковид-19 и 200 починати лица за една седмица. 

Има 148.435 случаи на ковид-19 од 11 до 17 јули, а 115 пациенти се приклучени на апарати. Од нив 18 отсто се реинфекции, а вкупниот број на материјали со позитивен резултат е добиен од 954.188 тестови, со стапка на позитивност од 15,56 отсто. Овие податоци се објавени во неделниот извештај на Националната организација за јавно здравје за ситуацијата со пандемијата во земјата, јави дописничката на МИА од Атина.

Од почетокот на пандемијата, во Грција се потврдени 4.210.771 милиони случаи на ковид-19, а од вирусот починаа 30.707 луѓе.

Во повеќе земји во Европа расте бројот на заразени. 

Комесарката за здравје и безбедност на храна на Европската комисија, Стела Киријакидес  ги повика 27. членки на Унијата да го искористат летото за да се подготват за нов бран на зараза во есен и зима.

foto freepik.com

Слично

Поврзани вести