Економија, финансии, бизнис

Контакт

Грција има над 10.000 нови инфицирани со корона, најмногу на Миконос

Грција има над 10.000 нови инфицирани со корона, најмногу на Миконос

Се зголемува бројот на заразени со коронавирусот кај јужниот сосед.  За 24 часа во Грција има нови над 10.000 заразени. 

Станува збор за 10.474 нови случаи, а починале 17 луѓе, додека на респиратор се 88 пациенти кои се во тешка состојба. Тоа се претежно невакцинирани или делумно вакцинирани.

Во болниците во Грција се примени 192 пациенти со ковид, а просечната возраст на заболените е 37 години. Миконос води со скок по бројот на заразени за 50,89 отсто, Санторини е втор (33,51 отсто), а Милос е трет (32,31 отсто). Со раст на бројот на заразени за над 20 отсто, се Парос, Западна Атика каде е и Атина и Карпатос, додека на другите поголеми острови и во градовите во Грција порастот е од 10 на 20 отсто.

Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ЕЦДЦ) предупреди дека „порастот на зараза од подваријантите на омикрон укажува дека тие ќе станат доминантни“ во целата Европска Унија.

Инфекциите се во пораст во повеќе земји вклучувајќи ги Португалија, Германија, Франција, Грција, Австрија, Италија, Швајцарија, Шпанија, според податоците од проектот Нашиот свет во податоци (Our World in Data) на универзитетот Оксфорд, што ја следи пандемијата.

foto freepik.com

Слично

Поврзани вести