Грција има над 10.000 инфицирани со коронавирусот за еден ден
Во соседна Грција нагло порасна бројот на заразени со коронавирусот.
За 24 часа кај јужниот сосед се регистрирани повеќе од 10.000 случаи на ковид-19, од кои 9.288 се новозаразени, а 1.274 се веројатни реинфекции, што претставува зголемен број во последните седмици, јави дописничката на МИА од Атина. Во последното деноноќие починале 15 луѓе, а 103 пациенти се приклучени на апарати на одделите за интензивна нега. Од почетокот на пандемијата во Грција се потврдени 3.517.898 случаи на ковид-19, а починале вкупно 30.049 луѓе. Пред почетокот на туристичката сезона, Грција ги олесни ковид мерките. И Австрија е една од европските земји која регистрирала пораст на бројот на инфицирани. Во светот над 15 милиони луѓе починаа од коронавирусот.
foto freepik.com
