Економија, финансии, бизнис

Контакт

Грција или Бугарија - каде е поевтина вообичаената потрошувачка кошничка?

Грција или Бугарија - каде е поевтина вообичаената потрошувачка кошничка?

Цените на производите во вообичаената потрошувачка кошничка за домаќинствата во супермаркетите во Грција и понатаму се пониски во споредба со маркетите во осум земји од Европската Унија, односно во Франција, Велика Британија, Италија, Шпанија, Португалија, Германија, Романија и Бугарија. 

Oва го покажуваат резултатите од истражувањето на грчкиот Институт за истражување на малопродажба на стоки за широка потрошувачка (ИЕЛКА), јави дописничката на МИА од Атина.

Од ИЕЛКА соопштија дека во истражувањето спроведено во јануари годинава биле споредени цените во вкупно 40 категории производи со анализирани над 6.000 цени на производи во 48 различни синџири супермаркети во конкретните земји, со цел да се пресметаат просечните цени.

Податоците вклучуваат финални цени и на брендирани производи и на производи со приватна трговска марка во секоја земја, а споредбата е и без и со вклучен ДДВ.

Во Грција, кошничката со неопходните продукти за домаќинствата, со вклучен ДДВ изнесува 134,778 евра, во Германија е за 35,4 отсто поскапа, во Франција за 34,7 проценти, во Велика Британија за 22,9 отсто, 16,6 проценти во Романија, за 13,5 отсто во Италија, за 12,3 проценти во Шпанија, за 6,9 отсто во Бугарија и 4,7 проценти во Португалија.

Слично

Поврзани вести