Грција и врти грб на Европа-се надева на инвестиции од САД
За првпат грчката јавност покажува дека има се помалку антиамериканско расположение и почнува да смета дека вистинските шанси за инвестиции ќе дојдат од САД, како и од Кина, а не од европските сили.
Тоа се резултати од анкета на агенцијата Капа Рисрч, објавена пред посетата на премиерот Андонис Самарас во Белата куќа.
Според анектата, Грците продолжуваат да ја сметаат Франција за најпријателска држава – 72 отсто од анкетирани. Следуваат Русија – 68 отсто, Кина 60,1 отсто и САД 56,5 отсто. Најмногу негативни ставови Грците искажале за Турција – 75,4 отсто, Германија – 85,7 отсто и за Велика Британија 55 отсто.
Анкетата е извршена неколку дена пред посетата на Самарас во Вашингтон, два месеца по посетата на грчкиот премиер на Кина и по писмото на Самарас до рускиот претседател Владимир Путин во кое бара од него да издејствува за пониски цени на природниот гас.
