Грција и натаму ќе штеди, но има ли Ципрас шанси за нов мандат?
Грчкиот премиер, Алексис Ципрас се надева на нов мандат.
Грчките пратеници го одобрија буџетот за идната година.
Буџетот помина со 154 спрема 143 гласа, додека тројца пратеници беа отсутни во парламентот кој има 300 пратенички места.
„Сакам да ве повикам да гласате за првиот буџет во пост-финансиската помош на нашата земја. Првиот буџет со фискален раст по осумгодишната рецесија, првиот буџет што ни припаѓа и нам и вам. Првиот буџет на Грција, што повторно е слободен, реконструиран и оптимистичен за Грција која е поправедна и понапредна“, вели Ципрас.
Ципрас додаде дека сето ова било постигнато со големи жртви од страна на грчкиот народ кој, како што рече, успеа да излезе од финансиската криза.
Тој изрази уверување дека неговата Влада ќе има шанса да добие нов мандат од грчкиот народ за да ја продолжи работата.
Пратениците од „Нова демократија“ гласаа против буџетот.
