Економија, финансии, бизнис

Контакт

ГРЦИЈА: Хотелиерите очекуваат мрачна сезона

ГРЦИЈА: Хотелиерите очекуваат мрачна сезона

Хотелиерите во Грција очекуваат „мрачна“ сезона, плашејќи се од пандемијата на коронавирус, пишува Ројтерс. 

Tие стравуваат дека летово плажите ќе останат празни. 

Земјата лани имаше 34 милиони туристи и направи приходи од 18 милијарди евра, што е околу 10-12 отсто од бруто домашниот производ. Во туристичкиот сектор се вработени околу 20 отсто од вработените во земјата.

„Туризмот се соочува со најголемата криза на нашата генерација“ – вели претседателот на хотелската асоцијација на Крф, Хараламбос Вулгарис.

Грчкиот министер за туризам Хари Теохарис вели дека неговиот план е туристите да пристигнат во земјата во јули. 

Од 4 мај се олеснуваат мерките, а хотелите кои работат во текот на целата година ќе можат да отворат на 1 јуни.

Сепак, и на плажите ќе мора да се држи дистанца. 

Многу од хотелите се пред банкрот или се нудат на продажба.

70 хотели на Халкидики се нудат на продажба. 

Балканците први ќе можат да отпатуваат во Грција. 

Ваква одлука донесе власта во земјата. 

Грчката економија зависи од туризам, а истото важи за Италија и Шпанија. 

За разлика од Грците, Хрватите не губат надеж дека ќе ја спасат сезоната. 

Црна Гора пак имаше мал број заболени, брзо се оправува од кризата предизвикана од Ковид 19 и таа прва ќе ја стартува сезоната во регионот. 

Слично

Поврзани вести