Економија, финансии, бизнис

Контакт

ГРЦИЈА ГРАДИ ОГРАДА: Се плашат од мигрантски бран од Авганистан

ГРЦИЈА ГРАДИ ОГРАДА: Се плашат од мигрантски бран од Авганистан

Јужниот сосед презема мерки за да се заштити од наплив на мигранти. Грција во пресрет на највениот мигрантски бран од Авганистан, гради нова 40 километри долга ограда на турската граница. 

Започнат е и нов систем за набљудување.  Ситуацијата во Авганистан, во Европа ги поттикна стравувањата за повторување на мигрантската криза во 2015 година. Тогаш скоро милион луѓе избегаа од Блискиот Исток во Европа, патувајќи низ Турција и Грција.

„Авганистанската криза создава можност за мигрантски бран. Не можеме пасивно да чекаме потенцијален удар“, изјави грчкиот министер за цивилна заштита Михалис Хрисохоидис. 

Хрисохоидис рече дека ново проширување на оградата, на постојните 12,5 километри, е изградено во последните денови. Многу земји ќе прифатат само симболичен број на бегалци од Авганистан. Талибанците ја презедоа контролата во Авганистан. 

Слично

Поврзани вести