Економија, финансии, бизнис

Контакт

Грција го турка проектот за нов гасовод преку Медитеранот

Грција го турка проектот за нов гасовод преку Медитеранот

Грција заедно со Кипар и Италија како земји членки на ЕУ води засилени активности за финиширање на проектот за изградба на гасовод преку Медитаранот во кој ќе учествува и Израел за креирање на алтернативна рута на достава на природен гас која нема да биде зависна од Русија.

Министрите за енергетика на Израел, Грција, Кипар и Италија одржаа состанок во кој постигнаа согласност да биде земена во предвид физибилити студијата изработена од компанијата IGI Poseidon.

Европскиот комесар за Климатски акции и енергетика, Мигел Аријас Канете присуствуваше на состанокот и посочи дека во наредните декади гасот ќе „протече“ преку источниот дел на Медитеранот одигрувајќи значајна улога во енергетската стабилност на Унијата. Токму затоа Европската комисија силно ги поддржува инвестициите во изградба на неопходната инфраструктура за течен гас.

Овој гасовод ќе води под Медитеранот и ќе биде најдлабокиот и најдолгиот во светот.

Слично

Поврзани вести