Економија, финансии, бизнис

Контакт

Грција го смени директорот за приватизација, летал со авион на владин клиент

Грција го смени директорот за приватизација, летал со авион на владин клиент
Откако протече информацијата дека Директорот на грчката агенција за приватизација Стелиос Ставридис летал со приватен авион на бизнисменот кој од државата купи 33% од акците на државната лотарија, ОПАП, стигна и неговата оставка. Пренесувајќи ја изјавата на неименуван претставник на Министерството за финансии , грчките медиуми пишуваат дека оставката на Ставридис стапила во сила. „Министерот за финансии Јанис Стурнарас побара денеска оставка од претседателот на грчката агенција за приватизација Стелиос Ставридис“, беше наведено во кусото соопштение на ресорното Министерството. Вчера весникот „Прото тема“ објави дека Ставридис минатата недела летал со приватен авион, сопственост на бродосопственикот Димитрис Мелисанидис кој е мнозински сопственик на грчко-чешкиот конзорциум кој купи третина од акциите на државната лотарија на Грција. Како што пишува весникот, Ставридис признал дека го користел авионот на Мелисанидиа за да отпатувал во својата куќа во Франција на одмор. Договорот за државната лотарија тежеше  652 милиони евра.
Слично

Поврзани вести