Грција го изгласа законот за еднакви плати помеѓу мажите и жените
Грчкиот парламент со мнозинство гласови го одобри предлог-законот на Министерството за труд како директива на ЕУ во врска со еднаквата плата меѓу мажите и жените и проширување на статусот на опасни и тешки занимања на здравствените работници.
Компаниите ќе мора да покажат како се формираат платите и дали има разлики меѓу половите. Ако се открие неоправдана разлика, фирмите можат да бидат обврзани да ја коригираат и да платат компензација. ЕУ директивата бара работодавците да овозможат информации за плати и да пријавуваат родов јаз во платите, а за поголемите фирми извештаите почнуваат од 2027 година.
Пратениците од владејачката Нова демократија беа единствените што го поддржаа предлог-законот во принцип.
Слично
