Економија, финансии, бизнис

Контакт

Грција ги враќа возовите од Солун кон Македонија, Србија и Бугарија

Грција ги враќа возовите од Солун кон Македонија, Србија и Бугарија
Грчката железница ОСЕ планира одново да ја воспостави меѓународната патничка линија Солун - Скопје. Како што најави директорот на грчката железница, Атанасиос Зилиаскопулос, се работи на тоа, во текот на следната година да бидат вратени трите меѓународни линии од Солун кон Македонија и Србија и кон Бугарија и Турција. ОСЕ ги укина Меѓународните возови од Грција во почетокот на 2011 поради големи финансиски проблеми и неодржливост на линиите. Целта на враќањето на линиите Солун - Скопје - Белград, но и оние кон Софија и Истанбул е да се услужи големиот број на туристи од Македонија, Бугарија и Турција кои доаѓаат во Грција. За Зилиаскопулос ова е најлесната меѓународна железничка линија, за чие повторно воспоставување нема никакви ниту економски ниту технички проблеми.
Слично

Поврзани вести