Грција е во корона хаос
Соседна Грција е во корона хаос.
Мобилизацијата на лекарите започна, бидејќи во јавните болници има недостиг. До крајот на вчерашниот ден, приватните лекари имаат можност доброволно да се приклучат на тимовите на одделите за ковид, каде има недостиг на специјалисти. Министерството за здравство вчера упати последен апел. Премиерот Киријакос Мицотакис категорично изјави дека од денес ќе нареди мобилизација.
Проблемот со недостиг на персонал е во регионот Атика, каде што дневно се регистрираат половина од заразените. Но, се влошува состојбата и во другите делови на земјата со зголемување на хоспитализациите. Во Солун, пациентите се префрлаат од соседните области.
Министерот за здравство Василис Кикиљас во средата даде рок од 48 часа да се пријават барем 200 приватните лекари.
Сликата во речиси сите болници во Атика е слика на воена состојба, рече лидерот на СИРИЗА Алексис Ципрас по посетата на атинска болница и додаде дека „болниците се наоѓаат на чекор пред распад, ако не се распаднат, тоа ќе биде поради натчовечките напори на лекарите и медицинските сестри”. Ципрас вели дека веќе неколку седмици, во болниците во Атика, над 100 пациенти кои се привремено приклучени на апарати на ковид клиники, не можат да најдат кревет на интензивна нега, бидејќи се сите исполнети.
