Економија, финансии, бизнис

Контакт

Грција е новиот влез на Кина во Европа

Грција е новиот влез на Кина во Европа
Грчкиот премиер Антонис Самарас за време на неговата посета на Кина рече дека неговата земја би можела да стане вистинска порта за влез на кинеските производи и инвестиции во Европа. Самарас на Економскиот форум ги поздави серијата билатерални договори кои беа потпишани вчера, меќу кои и за соработка со Кинеската банка за развој и Агенцијата за приватизација на грчката влада, како и договорот за формирање нова агенција, наречена „Инвестирајте во Грција". Веќе шеста година во рецесија, за Грција е од суштинско значење да се привлечат инвеститори за заживување на нејзината економија. Процентот на невработеност во Грција е рекорд во Европа - 27 отсто. Со потпишувањето на кинеско-грчкиот договор во областа на поморската трговија, кинескиот поморски гигант Коско веќе влеза во грчкото пристанише  Пиреја, благодарение на 35-годишна концесија на два терминала. Самарас рече дека исто така треба да се развие трговијата со маслиново масло и мермер кои се традиција за Грција.
Слично

Поврзани вести