Економија, финансии, бизнис

Контакт

Грција е лидер во продажба на автомобили – раст и на пазарите во ЕУ

Грција е лидер во продажба на автомобили – раст и на пазарите во ЕУ
Бројот на издадени регистарски ознаки на автомобили во Европската Унија одбележа раст трет месец по ред во Ноември, продолжувајки го воспоставеното барање на пазарот. Новите автомобилски регистрации, чиј број ја отркива продажбата се зголемија за 1,2% во Ноември или на годишно ниво до 938 илјади, објави Европската асоцијација на автомобилски производители. Во Октомври, бројот на нови регистарски ознаки беше околу еден милион. Воспоставувањето на барањето внесува спокој кај европските производители на автомобили, кои изминатиот период претрепа огромни загуби. Од почетокот на должничката криза во европа потребата на корисниците да си купат нов автомобил се намали значително поради економската нестабилност и растот на невработеноста. Поради тоа европската автомобилска индустрија  продолжи да страда од хиперпродукција, а побарувачката е намалена од врвот достигнат во 2007 година. Новите регистарски ознаки во оваа година се до Ноември се вкупно 10,95 милиони што бројка доста помала од 14,8те милиони регистарски ознаки издадени пред шест години. Производителите како PSA Peugeot Citroen и европските оддело на Fiat SpA, Ford Motor и General Motors ќе забележат големи загуби годинава, откако нивните погони работат под полн производствен потенцијал. Регистарските ознаки издадени за возилата на Fiat во ЕУ паднаа за 5,8% во Ноември, додека тие на Renault скокнаа за 9,9%. General Motors, кој минатиот месец објави дека ќе ја прекина продажбата на Chevrolet во Европа до 2016 г. поради нискиот пазарен удел, забележа пад од 3,7%. Забележан е и пад во издадените регистарски ознаки за возилата на Opel – за 2,9% и на Chevrolet – за 8,7%. Помеѓу германските производители Volkswagen останува лидер на европскиот пазар, откако уделот им се зголеми за 26,2% од 25,6% на годишна основа. Вкупниот број на издадени ознаки се искачи за 3,3% во Ноември, но на  Audi паднаа за 3,2%. Daimler AG и BMW AG исто така бележат пад во однос од  1,7% и 6,8 %. На регионална основа најсилно се претставија Грција и Холандија. На најголемиот европски пазар на автомобили – германскиот – регистарските ознаки паднаа за  2%. Во Велика Британија има раст од 7%, а во Франција пад од 4%. K.K
Слично

Поврзани вести