Економија, финансии, бизнис

Контакт

Грција доколку успее навреме да го намали буџетскиот дефицит, нема да има потреба да воведува нови мерки за штедење

Грција доколку успее навреме да го намали буџетскиот дефицит, нема да има потреба да воведува нови мерки за штедење

Министерот за финансии Јанис Стурнарас изјави  дека доколку успее навреме да го намали буџетскиот дефицит, Грција нема да има потреба да воведува нови мерки за штедење во вид на намалување на плати и пензии оваа и следната година.

Тој истакна дека Министерството за финансии разгледува начини за давање одредени привилегии за даночните обврзници, доколку тие им приложат на даночните инспекции потврда за платени стоки и услуги од нивна страна, кои ќе се совпаѓаат со нивните реални годишни приходи и трошоци.

Според Стурнарас, претстојното, планирано за од 1 август, пробно намалување на ДДВ за угостителскиот сектор од 23 на 13 проценти, се очекува да ја стимулира потрошувачката, да ги доведе даночните коефициенти до конкурентско ниво во споредба со соседните држави, како и да придонесе за намалување на индиректните даноци, веднаш штом тоа ќе го дозволи состојбата.

Тој нагласи дека буџетскиот дефицит на Грција по јули 2014 година ќе биде мал и не ќе може да создаде некаков проблем.

Слично

Поврзани вести