Економија, финансии, бизнис

Контакт

Грција доби помалку пари при последнaтa европскa транша

Грција доби помалку пари при последнaтa европскa транша

Еврозоната и одобри на Грција 1,1 милијарда евра од одобрената во август третата спасувачка програма по спроведување  на ветените строги реформи од страна на Атина. 

Тоа е помалку од првично предвидените 2,8 милијарди евра. 

„Грција заврши со спроведувањето на сите 15 реформи засега. Ова го отвора патот за исплата на 1,1 милијарди евра“, соопшти претседателот на Еврогрупата Јерун Диселблум.

Останатите 1,7 милијарди евра од првата транша, кои ќе помогнат за отплатата на долгови на Грција, ќе бидат исплатени на 24 октомври, изјави грчкиот министер за финансии Евклид Цакалотос. Причина за изненадно намалено плаќање се сомнежите на Германија за постигнатите резултати на Грција.

Во моментов Грција испушти неколку крајни рокови за спроведување на нови реформи, за да го отклучи пристапот до спасувачките заеми, а најмногу, да започне преговори за ублажување на долгот подоцна оваа година.

По кризата во 2015 година Грција доби спасувачка програма во вредност до 86 милијарди евра, која е трета по ред и која мора да биде реализирана во текот на следните три години. За да ја добие во моментов потребната сума, Грција мораше да воведе 15 измени во законот, поврзани со создавање на фонд за приватизација и реформи во енергетскиот сектор.

Минатата недела Атина изјави дека долгот на Грција ќе се зголеми до 315 милијарди евра или 178,9% од БДП.

Слично

Поврзани вести