Економија, финансии, бизнис

Контакт

Грција денес има повеќе од 2.000 заразени, се шири и делта сојот

Грција денес има повеќе од 2.000 заразени, се шири и делта сојот

Tрет ден по ред во Грција расте бројот на заболени од коронавирусот. 

Денеска по пауза од месец и половина се регистрирани повеќе од 2.000 нови случаи на коронавирусот, додека пак потврдени се и уште 67 случаи од делта сојот, јави дописничката на МИА од Атина. Според официјалните податоци од Националната организација за јавно здравје на Грција, во изминатите 24-часа регистрирани се 2.107 новозаразени, починаа десет лица, а 153 се приклучени на апарати. Најголемиот број, повеќе од половина нови случаи, односно 1.115 се во областа Атика, поширокиот регион на Атина, а 241 на островот Крит. По организирана забава на грчкиот остров Иос, потврдени се најмалку 14 позитивни случаи кај млади кои синоќа се вратиле во Атина и веднаш се тестирани на атинското пристаниште Рафина, јави дописничката на МИА од Атина.

foto freepik

Слично

Поврзани вести