Економија, финансии, бизнис

Контакт

Грција бара итна европска помош за гасење на пожарите

Грција бара итна европска помош за гасење на пожарите

Грчките власти не можат сами да се справат со огнените стихии и побараа итна помош од државите-членки на Европската Унија. Грција барра да и се позајмат авиони и хеликоптери за гаснење на пожарите откако пожарникарите веќе трет ден се борат со огнената стихија северно од Атина, но и голем број на европски држави се соочуваат со слични проблеми.

Противпожарната служба на Грција наведе дека Кипар испратил 60 пожарникари за да им помогнат во гаснењето. Околу 400 грчки пожарникари и војници со поддршка на канадери и десетина противпожарни камиони се обидуваат да го стават под контрола големиот пожар меѓу местата Варнавас и Каламос, околу 45 километри северно од Атина.

Засега никој не е повреден во пожарот, но најмалку 20 куќи се оштетени.

Грчките пожарникари се борат и со пожарите на Пелопонез и на островот Закинтос.


Слично

Поврзани вести