Економија, финансии, бизнис

Контакт

Грчкото ППЦ уверува: Нема да поскапат сметките за струја со дата центарот во Кожани

Грчкото ППЦ уверува: Нема да поскапат сметките за струја со дата центарот во Кожани

Центарот за податоци со вештачка интелигенција планиран од грчкото електростопанство PPC во Кожани нема да има никакво влијание врз сметките за електрична енергија на домаќинствата и бизнисите, нагласи Јоргос Стасис, потпретседател на Eurelectric и претседател и извршен директор на PPC, за време на годишната конференција на Европската организација во Хелсинки.

Клучна тема на дискусија на конференцијата е влијанието на растот на дата-центрите врз електричните мрежи и цените на електричната енергија, со оглед на тоа што овие објекти трошат огромни количини енергија за ладење. Дата центарот во Кожани треба да го менаџира ИТ компанија која ќе се одбере, а напојувањето ќе го организира PPC.

Стасис, во својство на потпретседател на Eurelectric, и Дајан Ходнет, директорка за инвестиции и развој на центри за податоци на Google, која ги претставува индустриските компании, потпишаа договор за соработка за време на конференцијата. Целта на договорот е да се испита влијанието на растот на центрите за податоци врз мрежите и цените на електричната енергија, како и да се формулираат предлози за справување со овие предизвици.

Според прогнозите на Eurelectric, побарувачката за енергија од центрите за податоци развиени во Европа ќе достигне помеѓу 149 и 287 терават-часови до 2030 година, што ќе претставува 28 отсто од вкупното зголемување на побарувачката во периодот 2023-2030 година.


Слично

Поврзани вести