Економија, финансии, бизнис

Контакт

Грчкото „не“ ги потопи индексите

Грчкото „не“ ги потопи индексите

Индексите на грчките берзи паднале повеќе од 4 одсто откако министрите за финансии на Европската унија и Грција не успеале да постигнал спогодба за рекомпозиција на долгот на таа земја.

Акциите на грчките банки паднале речиси 9 проценти, додека трошоците на позајмувања на државата растат, бидејќи каматата на десетгодишната суверена обврзница на таа земја пораснала за 0,82 проценти поени на 10,74 одсто, пренесува Би-Би-Си.

Грција вчера вечерта го одби продолжувањето на планот за отплата на долгот од 240 милијарди евра.

Берзите ширум Европа го почнаа денешното тргување со пад, а германскиот главен индекс “Dax“ паднал речиси 1,4 одсто, а францускиот „Cac“ за 1,23 одсто.

Во Велика Британија која не е толку изложена на грчкиот долг, индексот на „FTSE 100“ е понизок за 0,33 одсто.

Слично

Поврзани вести