Грчкото МНР неофицијално луто за несериозноста и провокациите на Кумуцакос
Грчкото МНР преку свои извори излезе со неофицијална реакција во грчките медиуми со која се осудува несериозноста на опозицискиот министер во сенка за надворешни работи Јоргос Кумуцакос од Неа Демократија кој се однесува несериозно за важни прашања од национален интерес и нуди испревртени тези во јавноста, односно да се направи обид да се поклопат ставовите на министерот Никола Димитров, како ставови искажани од министерот Коѕијас.
Истите кругови (од грчкото МНР) потенцираат дека веќе е време Неа демократија да покаже елементарна сериозност во нашите национални прашања, коментирале кругови од грчкото МНР за АНА-МПА и додале дека „опозициската партија нема право да ги става на сметка на владата ставовите на трети земји“.
Истите извори од Министерството за надворешни работи на Грција, потсетиле дека шефот на грчката дипломатија уште од 7 март 2015 јасно ги поставил прашањата со иредентизмот и дека без ефикасно справување со нив, не може да има решение. А во тие рамки се и преименувањата на аеродромот и автопатот.
