Грчкото МНР не е задоволно ниту со ФИРОМ?
Поттикнато од написите во грчките медиуми, по обраќањето на шефот на грчката дипломатија Евангелос Венизелос на Генералното собрание на ОН, грчкото МНР денеска објави текст - појаснување на грчките ставови во спорот околу името. Според грчкотот МНР, појаснувањето се објавува „затоа што одредени екстремни кругови се прават изненадени или зачудени, како нештата првпат да ги слушаат“.
“Грчкиот став поддржува сложено име, со географска одредница пред зборот „Македонија“, а не пред зборот „Република“, кое ќе се користи во односите со сите (ерга омнес), за секаква употреба, и домашна и меѓународна. Овој став е формулиран веќе мнгу години и постојано се истакнува во грчкиот Парламент и на меѓународен план, на мултилатерални и билатерални состаноци. Тој е заснован на позициите што ги брани грчкиот претставник во процесот во ОН Метју Нимиц“, стои во соопштението од грчкото МНР.
Притоа се додава и дека Грција не може да биде задоволна со привременото име Поранешна Југословенска Република Македонија.
„Сметаме дека е јасно на сите оти ова провремено име, под кое соседната земја се приклучи кон ОН во 1993 година, и со кое учествува во многу меѓународни организации, активности и состаноци е сложено име со додавки пред зборот „Република“, а не пред зборот „Македонија“. Ова сложено привремено име не се употребува во односите со сите (ерга омнес), туку само во меѓународните организации и состаноци, а за жал не дома, не во пасоши и бе билатерално со оние земји кои ја признаваат ФИРОМ под таканареченото уставно име“, истакнува грчкото МНР.
Според грчкото Министерство, ова е состојба која „го прекрѓува меѓународното право и мора да се промени“. Одговорниот и јасен грчки став е единственото решение кое води кон промена на оваа состојба, се нагласува.
Слично
