Грчкото МНР: Грчката Влада не е надлежна да му ги обезбеди потребните информации на претседателот на ПЈРМ
Грчкото Министерство за надворешни работи денеска преку соопштение реагираше на интервјуто на македонскиот претседател, Ѓорѓе Иванов дадено за грчкиот весник „То Вима“.
„Грчката Влада не е надлежна да му ги обезбеди потребните информации на претседателот на ПЈРМ. И секако не е одговорна за тоа што тој не е информиран за состојбата на односите меѓу двете држави“ - стои во кусото соопштение на портпаролот, Константинос Кутрас.
Ова е објавено „како одговор на новинарите“, не прецизирајќи притоа на кој дел од интервјуто се однесува.
Иванов за овој грчки весник кажа дека некои грчки политичари не ја сфаќаат сериозно безбедноста од мигрантската криза, а по затварањето на балканската рута се зголемил бројот на илегални преминувања.
Слично
