Економија, финансии, бизнис

Контакт

Грчкото гиро – зол дух за економската криза

Грчкото гиро – зол дух за економската криза
Грците можеби немаат големи можности во време на криза , но секако има што да јадат , изјави за американскиот весник Wall Street Journal, сопственик на ресторан за брза храна во Грција, Јоргос Франкудакис . „Установите за грчки гироси изникнуваат како печурки по дожд , претворајќи се во " вистински зол дух " за економската криза , која ги принуди Грците масовно да затвораат продавници и ресторани“, пишува во својата репортажа за оваа балканска земја американското издание. Спротивно на големите светски синџири како McDonald's , кои се принудени да затвораат ресторани во Грција , малите објекти за продажба на сендвичи и гироси се множат низ целата земја. Американскиот весник пишува дека се појавија манија по гиро во Грција што се должи на потрошувачкиот патриотизам на Грците , кои се стремат да ја откријат националната кујна и традиционалните јадења. " А гиросите се и прилично евтини . Се продаваат меѓу 2 и 3 евра , но имаат и неверојатен вкус. Тоа е така , затоа што Грците имаат " љубовна врска" со храната " , коментира Wall Street Journal. За Грците гирото е како хот-догот за Американците , пицата за Италијанците и сушито за Јапонците. Ова јадење е традиционално во Грција и не се смета за брза храна. Тоа е поврзано со грчката култура и е ценет елемент од секојдневниот живот на многу Грци , заклучува американскиот весник .
Слично

Поврзани вести