Грчките земјоделци протестираат за својот опстанок
Пред Министерството за земјоделство на плоштадот Ватис во центарот на Атина, денеска протестираат земјоделците од цела Грција.
Тие од владата, меѓу останатото, бараат поевтино гориво и даночни олеснувања.
Преговорите со владата пропаднале минатата недела. Но, иако не постигнале посебен напредок во разговорите со претставниците на владата, земјоделците минатата недела се согласиле да отстранат некои од 50-те блокади на патиштата кои ги поставиле пред скоро еден месец.
На денешните протести очекувано е присуство на голем бој луѓе, што во центарот на грчката престолнина предизвикува проблем во сообраќајот.
Организаторите ги повикале сите вработени во Атина да се придружат на протестите и да изразат поддршка на земјоделците “кои се борат за опстанок“.
Слично
