Економија, финансии, бизнис

Контакт

Грчките земјоделци ја блокираа Северна Грција

Грчките земјоделци ја блокираа Северна Грција
Земјоделците ги интензивираат блокадите во северниот дел на Грција. На денешната средба меѓу земјоделците ќе се разговара за понатамошните дејствија, тие се подготвени да постават блокади низ цела земја. Блокадата во северната област Иматија се засилува во трактори од градовите во реонот. На протестот се придружија и такси возачите и вработените во трговскиот сектор. Не се исклучува можноста земјоделците од областа Серес, кои се лоцирани во реонот на магистралниот пат Серес-Солун и Серес-Промахон да тргнат кон граничниот премин Промахон. Протестите на фармерите се одржуваат веќе втора недела барајќи повеќе субвенции за намалување на цените на горивата и исплата за надминато производство. Колаициските партнери Андонис Самарас, Евангелос Венизелос и Фотис Кувелис вчера донесоа одлука за исполнување на дел од барањата на земјоделците
Слично

Поврзани вести